Заштитна АС склопка
-
Намотка за далечинска контрола
Намотка за исклучување овозможува далечинско исклучување на заштитната АС склопка. Намотката е предвидена за краткотрајна реакција и овозможува брзо прекинување на енергетските контакти на заштитната АС склопка. Напонот на реакција е од 85% – 115% од номиналниот напон ( 230V/50Hz). Во намотката е вграден контакт кој овозможува прекинување на напојувањето до намотката по извршена реакција со што овозможува заштита од прегорување на намотката за исклучување.